Пониски цени на угостителските услуги за 0,2%

42

Цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на август, се намалени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,7%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 2,7%. Цените на угостителските услуги во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,4%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- септември 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,8%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4%.