Пониски продажните цени на индустриските производи во декември

7

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември се пониски за 3,7% на месечно ниво, односно 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2014, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 9,6% и во групата Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 0,4%.

Во декември 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 9%, во групата Капитални производи за
6% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.