Пониски продажните цени на индустриските производи во октомври

20

Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври оваа година се пониски за 0,4% на месечно ниво, а за 5,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2015, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%.

Во октомври 2015, во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 5,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,7%.