Пониски трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал

62

Во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,2%, трошоците за материјали за 0,1% и трошоците за вработените за 0,3%.

Во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со првото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8%, трошоците за материјали се пониски за 3,2% и трошоците за вработените се повисоки за 14,1%.

Фото: Фreepik