Понуда за преземање на Триглав Осигурување Скопје

30

triglav-osiguranje

НЛБ Банка во име и за сметка на друштвото Триглав ИНТ, дава понуда за преземање на 16.020 акции издадени од акционерското друштво Триглав Осигурување Скопје.

Понудата за преземање се однесува на 16.020 обични акции со право на глас издадени од Триглав Осигурување АД Скопје (преземачот веќе поседува 44.164 обични акции, односно 73,38% од вкупниот број издадени акции со право на глас).

Преземачот, како што стои во понудата, се обврзува да ги откупи акциите по цена од 14.640 денари по акција. Понудената цена е шест пати повисока од просечната цена на обичните акции издадени од Триглав Осигурување АД Скопје (2.280 денари по акција) постигната на Македонска берза за хартии од вредност во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање.

Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува на 04.07.2017 и завршува на 03.08.2017 година.