Поповолна економската состојба во мај во однос на април

10

Според раководителите на деловните субјекти, економската состојба во мај оваа година е поповолна во однос на претходниот месец, додека понеповолна во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во мај 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се понеповолни.

Во мај 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во мај 2014 година се зголемени во однос на април 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2014 година изнесува 61,1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во мај 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27,3%, недоволната домашна побарувачка со 19,5%, неизвесното економско опкружување со 9,01% и конкурентниот увоз со 8,4%.