Поповолна оценка за економската состојба на деловните субјекти во октомври

34

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на октомври 2012 година.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во октомври 2013 година е поповолен во однос на
претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и oчекувањата за бројот на вработените.

Во октомври годинава, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата.

Залихите на готовите производи во октомври 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2013 година изнесува 61,4% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2013 имаат недоволната странска побарувачка со 25,2%, недоволната домашна побарувачка со 18,3%, финансиските проблеми со 10,7% и конкурентниот увоз со 9,1%.