Популарниот француски бренд очила влезе на македонскиот пазар

4276

Кога станува збор за понудата на модни брендови, домашната сцена секој ден е сè побогата и поразновидна. Од денеска на македонските купувачи ексклузивно во Литература.мк им е достапен асортиманот на очила од парискиот бренд IZIPIZI кој за неколку години успеа да лансира голем број иновативни производи.

IZIPIZI се очила што предизвикуваат насмевка на вашето лице, шарени колекции, кои совршено одговараат на вашите потреби. Дизајнот е едноставен и тренди, а во исто време квалитетни и достапни. Очилата се лесни, флексибилни и погодни за сите возрасни групи и за сите прилики.

Во понудата на IZIPIZI можете да најдете: очила за читање, очила за екрани, очила за сонце со диоптрија, очила за сонце без диоптрија, oчила за скијање како и очила за деца и цело семејство.


IZIPIZI е замисла на тројца долгогодишни пријатели: Чарлс Брун, Хавиер Агуера и Квентин Кутурие. Тројцата милениумци пораснаа во Лион, и сите тие имаа заедничка амбиција: да започнат заеднички деловен потфат. Па така во 2010 година на нивни 24 години го создаваат IZIPIZI.
Популарниот француски бренд за очила за кратко време го освои светот, што не е чудно бидејќи во богатата понуда има за секого по нешто.
Уште од своето основање брендот за очила IZIPIZI се карактеризира со иновации и постојан развој, нудејќи нови колекции и соработка за секоја генерација и за секој момент од животот.
Брендот ја трансформира претходната парадигма на очила како релативно скап моден додаток и докажа дека модерните, висококвалитетни и извонредно дизајнирани очила можат да бидат достапни по разумни цени.


Денес безвременските очила IZIPIZI може да се најдат на секоја релевантна дизајнерска адреса, како што се концептуалната продавница Merci во Париз, Isetan во Токио, продавниците Dover Street Market ширум светот, MoMA- продавница за дизајн во Њујорк или Selfridges во Лондон.

Ако постои еден неизбежен детал во вашата модна империја, без кој не излегувате од дома во лето или зима, а кој исто така ве штити – тогаш ова се вашите очила. Очилата IZIPIZI се достапни во продажните места на Литература.мк, во Сити Мол, Ист Гејт Мол и Рамстор мол, а сите новини може да ги следите на страниците на IZIPIZI на Facebook и Instagram.