Техномаркет повторно со нова, супер акција за своите лојални потрошувачи. Овој пат, Техномаркет им ја нуди единствената можност на сите потрошувачи кои се сопственици на SMART картичката да пазаруваат по дополнително намалени цени за 15%, 20% и 25%. Акцијата ќе трае 7 дена и е наменета за одредени производи од познатите брендови кои се застапени во Техномаркет: AEG, AMICA, ARISTON, ELECTROLUX, FAVORIT, HANSA, HOTPOINT, INDESIT, LIEBHERR, MAX, NEO, SAMSUNG, WHIRLPOOL, ZANUSSI.
Покрај тоа што производите од овие брендови се достапни за плаќање на 24 рати со 0% камата и без провизија, сè до 25 март 2016 година, потрошувачите ќе имаат можност истите да ги набават и до 25% пониска цена.
“Како резултат од нашето искрено пријателство со купувачите решивме да овозможиме придобивка повеќе за нив со SMART картичката”, изјави Александар Медарски, менаџер на продажба во Техномаркет.
Сите оние граѓани кои ќе аплицираат за својата лојална SMART картичка ќе добијат право на ексклузивност до голем број промотивни акции, попусти, вредносни ваучери и специјални промоции што се наменети само за членовите во програмата за лојалност на Техномаркет, COIN CASA и @HOME.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да имаат своја SMART картичка, можат да аплицираат во било кое продажно место на Техномаркет или тоа да го направат во продавниците на COIN CASA и @HOME. Постои можност тоа да го направат и по електронски пат со преземање, пополнување и испраќање на апликацијата преку веб страницата: www.technomarket.com.mk.