Поради климатски промени најголемиот осигурувач во Калифорнија повеќе не ги осигурува домовите

19

State Farm престана да ги осигурува недвижностите во Калифорнија бидејќи ризикот со кој се соочува осигурителната компанија е „катастрофален“. Тоа е само една од бројните осигурителни компании кои се повлекуваат од осигурувањето на недвижен имот во делови од земјата најранливи на климатските промени.

Како што пишува Њујорк Тајмс, сведоци сме на трансформација на климатската криза во финансиска. Имено, овој месец најголемиот осигурител во Калифорнија објави дека ќе престане да им нуди осигурување на сопствениците на куќи во тој регион, не само во пожарните зони, туку и низ целата наведена сојузна држава.

Во образложението се наведува дека осигурителните компании на овој начин губат големи суми пари и се принудени да ги зголемат цените на своите услуги или да го ограничат плаќањето на штети, што не им одговара на другите клиенти.

Да потсетиме, во Калифорнија веќе неколку години се случуваат многу деструктивни пожари, поради што осигурителните компании почнаа да се повлекуваат од најзагрозените области, и оние кои сè уште значително не ги покачиле цените на нивните финансиски услуги.

Нешто слично се случи минатото лето во источен Кентаки, кој беше опустошен од катастрофални бури. Таму трошоците за осигурување од поплави се зголемени за четири пати. Во Флорида, исто така, стана голем предизвик да се купи осигурување за невреме бидејќи повеќето од големите осигурителни компании веќе не го нудат, а малите не се безбедни, односно не е сигурен нивниот опстанок, а камоли исплатата на штети.