Поради недостаток на чипови пет милиони автомобили помалку

60

Недостатокот на микрочипови на светскиот пазар ќе доведе до намалување на производството на автомобили за околу пет милиони годинава, се проценува во анализата на Центарот за автомобилски истражувања од Дуизбург.

До крајот на годината се очекува да бидат регистрирани 74,8 милиони нови возила ширум светот, што е за 9,3% повеќе отколку во 2020 година.

Доколку немаше проблем со испорака на чипови, околу 80 милиони автомобили би се продале ширум светот, тврдат авторите на студијата, објавена од весникот Die Welt.

Ситуацијата во втората половина на годината се очекува да биде полоша од сега поради недостаток на чипови на пазарот.

Времето на испорака на чиповите ќе биде подолго и поради тоа ќе има одложување на испораката на автомобили во 2022 година. Се претпоставува дека недостатокот на микрочипови ќе остане до почетокот на 2023 година.

Фото: Pixabay