Поради опасност од салмонела, Lactalis ги повлекува своите производи

21

milk

Фото: Pixabay

Француската влада соопшти дека издала наредба за повлекување од продажба на млеко и млечни призводи на домашната компанија Lactalis, поради сомнеж дека производите се заразени со салмонела, пренесува AFP.

Здравствените власти во Франција соопштија дека 26 доенчиња во земјата се разболеле од почетокот на декември.

Додека Lactalis на почетокот на месецов повлече 12 производи произведени во фабриката во Краон, француските власти објавија поголема листа од 600 производи кои се забранети за потрошувачка и извоз.

“Речиси 7.000 тони од производството може да е контаминирано, но компанијата не може да каже колку е останато на пазарот, колку е потрошено или е на залиха“, вели портпаролот на компанијата, Мишел Налет.

Lactalis е еден од најголемите производители на млечни производи во светот.