Поради побарувачката за првиот домашен автомобил, Турција ја проширува мрежата за полнење електрични возила

69

Официјални лица од турската автомобилска индустрија пред неколку дена објавија дека добиле 100.000 преднарачки за домашниот автомобил Togg, а сега е најавено и проширување на мрежата за полнење електрични автомобили, што ќе му биде неопходно и на Togg.

Според последните информации, бројот на преднарачки достигна 177.467, што ги наведе компаниите зад автомобилот да ги зголемат испораките од 12.000 на 20.000 од април.

Поради големата побарувачка, беше нагласено дека ќе треба што побрзо да се пристапи и да се воспостават нови станици за полнење.

„Побарувачката за автомобилот даде јасен сигнал за инфраструктурата. Ни требаат уште многу станици за полнење. Предвидувам дека нашата вкупна мрежа за полнење ќе достигне 10.000 до крајот на 2023 година“, рече шефот на Здружението за електрични и хибридни автомобили на Турција Беркан Бајрам.

Освен инфраструктурата што веќе е инсталирана од оператори од приватниот сектор, мрежата на станици за полнење ја воспостави самиот Тог под брендот Труго.

„Планирано е да се инсталираат над 1.000 станици кои ќе имаат капацитет за полнење меѓу 180 и 300 киловати на повеќе од 600 места во 81 турска провинција“, пишува Daily Sabah.