Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа, во петок од 5 до 7 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.
Како што информира ЕВН Македонија, 110/10 киловолтната трафостаница Валандово од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект Парк на ветерни електрани Богданци.
По приклучувањето на ветерниците ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.