Поради притисокот од Кина, Џек Ма изгуби 11 милијарди долари

51

Кинескиот милијардер и коосновач на Alibaba, Џек Ма, изгуби скоро 11 милијарди долари од своето богатство од крајот на октомври, откако Кина ја зголеми контролата врз гигантот за електронска трговија.

Нето-вредноста на Ма се лизна на 50,9 милијарди долари од 61,7 милијарди долари, што го прави 25-та најбогата личност во светот, според индексот на милијардерите на Bloomberg.

Кина на 24 декември започна истрага за сомневање за монополистички активности од страна на Alibaba, што резултираше со пад на акциите.

Проблемите на Ма започнаа токму кога тој се подготвуваше да направи иницијална јавна понуда за својата компанија Ant Group. Наместо тоа, кинеските регулатори ја откажаа веројатно најголемата почетна јавна понуда во светот (ИПО), само два дена пред неговото планирано деби во ноември.

Фото: Twitter