Поранешен германски канцелар повторно на чело на руски Rosneft

41

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер повторно е избран за претседател на бордот на директори на рускиот нафтен гигант Rosneft, соопшти компанијата.

Седумдесет и седумгодишниот Шредер беше претседател на бордот на директори на Rosneft од 2017 година.

Како политичар од редовите на социјалдемократите бил германски канцелар од 1998-ма до 2005-та година.

Фото: Facebook