Поранешен југословенски гигант конечно добива нов сопственик – продаден за три милиони евра

157

Фабриката за лекови од Зрењанин, Југоремедија беше продадена по петнаесеттиот обид. Купувачот на Југоремедија во стечај е APS – Project one од Белград, а другите двајца конкуренти поднесоа приговори на оваа одлука, на која судијата за стечај ќе се изјасни во петок, изјави денеска стечајниот управник Радован Савиќ за Танјуг.

APS за Југоремедија, понуди најмногу – 362 милиони динари (3.078.779 милиони евра) белградскиот Led Vision понуди 360 милиони динари,( 3.061.769 милиони евра), а турската група Birgin – 260 милиони динари, ( 2.211.760 милиони евра), рече Савиќ. Стечајниот управник вели дека тој ќе ги објави приговорите до петок, кога судијата за стечај ќе одлучи за нив.

Југоремедија се продаваше 14 пати без успех од 2017 година, и влезе во финансиски проблеми по неуспешната приватизација во 2002 година.

Фото: Freepik