Поранешна НБА ѕвезда обезбедува 100 милиони долари за поддршка на мали бизниси

85

Легендарната НБА ѕвезда, Ирвин Меџик Џонсон, преку неговата компанија EquiТrust Insurance, обезбедува кредити во износ од 100 милиони долари за финансирање на компании чии сопственици се жени и компании во кои сопствениците им припаѓаат на малцинствата, а коишто се погодени од пандемијата, пишува CNN.

“Тоа се мали компании што се столб на нашата заедница бидејќи вработуваат многу луѓе со друга боја на кожа“, рекол Џонсон.

Неговата EquiTrust во соработка со МВЕ Capital Partners ќе ги обезбедат овие кредити, а партнерството е склучено со цел да им се помогне на жените претприемачи и на припадниците на малцинствата ко имаат проблеми со кредити што се дел од програмата на американските власти за помош на малите бизниси.

Фото: Facebook