Поранешната претседателка на Хрватска сега заработува стотици илјади евра – каков бизнис води?

75

На поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и оди доста добро во бизнисот. Таа го доставила финансискиот извештај за 2023 година и прикажала вкупен приход од 219,3 илјади евра, а добивка од 146,9 илјади евра. Како што пишува Јутарњи, целиот приход доаѓа од извозот.

Грабар Китаровиќ се впушти во претприемништво на крајот на 2022 година, кога регистрираше компанија во Загреб наречена KGK Advising & Professional Services d.o.o. каде што е основач и директор. Истата година за неполни два месеци постоење пријавила приход од 28,4 илјади евра и добивка од 24,7 илјади евра.

Компанијата е основана со седиште на адресата на нејзиниот стан во Загреб, чиј единствен сопственик е таа. Фирмата е регистрирана за голем број дејности, но оние кои главно се однесуваат на бизнис и менаџмент консалтинг, истражување на пазарот и истражување на јавното мислење, промоција, настава во говорна комуникација…

Компанијата има основна главнина во износ од 2.654 евра, а сите приходи се остварени од продажба.

Нејзината компанија нема официјална веб-страница, но Грабар Китаровиќ понекогаш објавува на социјалните мрежи.