Поранешни инженери од Застава работат на електричен автомобил шт

48

Тим составен од поранешни инженери во српската автомобилска компанија Застава и професори, на иницијатива на странски инвеститор, работат на прототипот на електричен автомобил што би се произведувал во Србија.

“Нашите експерти имаат знаење и искуство во производството на автомобили. Тие се препознаени од луѓе кои се занимаваат со развој на автомобилската индустрија и Србија треба да го искористи тој потенцијал“, вели Зоран Радојевиќ, член на тимот.

Технологијата за изработка на електрични автомобили во последните девет години забележа голем напредок, посебно во областа на производство батерии и погонски мотори, пренесува 021.rs.

Фото: Pixabay