Поранешни возачи го тужат Uber

22

Поранешни возачи на Uber во Велика Британија поднеле тужба против компанијата, тврдеји дека им е откажана соработката поради алгоритам, објавија британските медиуми.

Uber е регистриран во Холандија, каде што ги чува најголемиот дел од податоците, па британскиот синдикат на возачи поднесе тужба пред тамошниот суд.

Синдикатот тврди дека возачи од 2018-та година во повеќе од 1.000 случаи наводно биле неосновано обвинети за измама и веднаш им иле укинати сметките, без право на жалба.

“Со сигурност знаеме дека Uber користи автоматски алгоритми за носење одлуки за измами и деактивирање на возачи. Тоа се случува насекаде“, вели Антон Екер, адвокат од Холандија што го застапува синдикатот на возачи на Uber.

Фото: Freepik