
Поранешниот шеф на Ауди, Руперт Штадлер, судот во Минхен го осуди на една година и девет месеци условна затворска казна поради измама од небрежност во скандалот со дизел моторите во 2015 година, што го прави прв поранешен директор на Фолксваген кој добил ваква казна.
Поранешниот шеф е казнет со 1,1 милион евра, кои ќе одат во државната каса и невладините организации, соопшти судот.
Штадлер претходно ги негираше обвинувањата.
Неговата адвокатка, Улрике Толе-Грол, во мај изјави дека Штадлер не знаел дека имало манипулации со возилата и дека муштериите биле повредени, но тој ја препознал можноста и прифатил дека има потреба од поголема грижа.
Судењето на Штадлер е една од најистакнатите судски постапки по скандалот со дизелот и трае од 2020 година.
Фото: Facebook











