Пораст на цените на угостителските услуги

43

top-deset-lista-na-najdobri-restorani-vo-svetot-131948-564x272Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во мај во однос на април годинава бележат зголемување за 1,5%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 2,3%, алкохолни пијалаци за 0,6% и ноќевања за 0,4%.

Во мај годинава во однос на истиот месец лани угостителските услуги се зголемени за 1,9%. Во периодот јануари – мај годинава, во однос на истиот период лани, зголемувањето е за 0,7%, а во однос на декември минатата година за 0,5%.