Пораст на индустриското производство во јуни од 1,9%

39

a4f6149a-5793-4ec7-a36e-a9c53a25a9d4-444x333Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пораст од 1,9%.

Во периодот јануари – јуни 2013 година индустриското производство бележи пораст од 1,8% во однос на истиот период минатата година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 6,7%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,7%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, пораснало кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,3%, Капитални производи за 10% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%, а пад има кај Енергија за 4,4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,1%.