Во месец април годинава биле издадени вкупно 241 одобрение за градба, што е за 20,5% повеќе во однос на истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 2,77 милијарди денари (45 милиони евра) што е за 23,4% повеќе во однос на април минатата година.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 станови, со вкупна корисна површина од 34.818 м2.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, најголем дела се наменети за објекти од високоградба, додека помал дел се за објекти од нискоградба или за реконструкција.