Пораст на кинескиот извоз во декември

30

Извозот на Кина забележа голем пораст во декември, одржувајќи ја силната побарувачка за производи на втората најголема економија во светот.

Кина во текот на декември лани извезе за 18,1% повеќе во однос на истиот месец претходната година, по 21% раст во ноември.

Во исто време, податоците покажуваат зголемување и на увозот, но само за 6,5%, во споредба со 4,5% раст во ноември 2020 година.

Во фабриките во Кина, економската активност е на солидно ниво бидејќи официјален Пекинг успеа да ја стави пандемијата под контрола.

Прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд за кинеската економија за оваа година се движат кон 7,9% раст.