Пораст на корпоративните кредити во април

32

Кредитите на корпоративниот сектор, во април оваа година, се повисоки за 0,6% и 2% на месечна и годишна основа, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка.

Притоа, месечниот и годишниот раст во целост се должат на зголеменото кредитирање во странска валута, при умерен пад на денарските кредити. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во април изнесува 4%.

Во април, вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 2,2% на месечно ниво. Надолната месечна промена се должи на поизразениот пад кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари, при помал пад кај депозитите во странска валута (долгорочни и краткорочни) и остварен раст кај долгорочните депозити во денари. Споредено на годишна основа, депозитите се зголемени за 6,5%, во најголем дел поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, којшто е делумно неутрализиран од падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.