Пораст на потрошувачките цени во ЕУ

24

Потрошувачките цени во Европската унија, во декември лани, бележат благо зголемување во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Eurostat.

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација во декември беше 0,3%, додека еден месец претходно на ниво од 0,2%. Во декември 2019 година, инфлацијата во земјите членки на ЕУ беше 1,6%.

Во еврозонатата, потрошувачките цени во декември, четврти месец по ред, во споредба со истиот месец во 2019 година, се пониски за 0,3%.

Вкупно 13 земји од ЕУ во декември имале пад на цените на годишно ниво, а најмногу Грција (2,4%), Словенија (1,2%) и Ирска (1%).

Полска, Унгарија и Чешка имаат најголем раст на цените меѓу земјите членки на ЕУ и тоа во распон од 3,4, 2,8 и 2,4%.

Фото: Freepik