Пораст на површините под грозје, расте и извозот на флаширано вино

36

Vineyard_on_Monte_Bello_Ridge_Cabernet_SauvignonПо повод празнувањето на денот на лозарите, Св. Трифун Државниот завод за статистика соопшти дека во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза во Република Македонија се во благ пораст.

Во 2009 година винова лоза била засадена на површина од 19.960 хектари, во 2010 година на површина од 20.033 хектари, а во 2011 година на површина од 20.164 хектари.

Производството на вино во 2012 година изнесувало 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектолитри вино во шишиња. Во последниве години трендот на производство на вино во шишиња е во пораст и се движи од 149.372 хектолитри во 2010 година, до 159.019 хектолитри во 2012 година.

Податоците од Статистичкиот деловен регистар, велат дека во државава работат 81 винарија, лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино.

Во 2012 година биле извезени 16.552.139 литри вино во шишиња во вредност од 16.877.350 евра и 98.608.953 литри наливно вино во вредност од 38.348.430 евра.

Во 2011 година, прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со 15,2 % во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува 246.889 илјади денари, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со 12,4% и изнесува 200.595 илјади денари. Пресметано е дека во 2011 година македонските граѓани на возраст над 18 години просечно испиле по 2,0 л вино и 0,9 л ракија.