Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво и за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јуни 2020, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 2,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,1%.
Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.
Фото: Freepik