Пораст на продажните цени на индустриските производи во март

19

Продажните цени на производителите на индустриски производи, и на домашен и на странски пазари, во март оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно ниво, а се пониски за 2,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%.

Во март оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,4%, a се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,9%.