Пораст на продажните цени на индустриски производи во април

52

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, се повисоки за 1,1% на месечно ниво, а за 7,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2021, во споредба со март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7%.

Во април 2021, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 29,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 6%  и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13%.

Фото: Pexels