Пораст на продажните цени на индустриски производи во декември

26

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во декември лани, се повисоки за 0,5% на месечно и за 1,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4%.

Во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8% и Капитални производи за 0,3%.

Фото: Freepik