Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во септември оваа година, се повисоки за 0,3% на месечно ниво и за 1,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во септември 2020, во споредба со август 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.
Во септември 2020, во споредба со септември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 7,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7%.
Фото: Freepik