Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се повисоки за 0,1% на месечно ниво и пониски за 0,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%.
Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 2,7% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9%.
Фото: Pixabay