Пораст на прометот од продажба на услуги во третото тримесечје

16

Прометот од продажба на услугите во третото тримесечје од оваа година е повисок отколку во третото тримесечје од 2018 за 2,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2019 година, најголем пораст на прометот во услугите во однос на третото тримесечје од 2018 година има кај услугите поврзани со одржување згради и дејностите за уредување и одржување на животната средина и природата (за 16,1%) и кај дејностите за изнајмување и давање под закуп/лизинг (за 12,2%).

Најголемо намалување од 14,4% е забележано во дејноста емитување програма.

Фото: Pexels