Пораст на прометот во индустријата во септември

47

Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2% и Капитални производи за 15,8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5%.

Прометот во индустријата во септември 2020 година, во однос на август 2020 година, е зголемен за 18,8%, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на периодот јануари-септември 2019 година, е забележан пад од 11,4%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 0,5%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 29,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%.

Според податоците, прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2020 година, во однос на август 2020 година, има пораст од 9,8%, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на периодот јануари-септември 2019 година, е намален за 2,7%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, регистрираше скок од 8,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5% и Капитални производи за 17,1%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2020 година, во однос на август 2020 година, има пораст од 21,5%, додека во периодот јануари-септември 2020 година, во однос на периодот јануари-септември 2019 година, е намален за 13,6%.

Фото: Freepik