Реален пораст од 0,5% е забележан кај трговијата на мало во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало, во февруари оваа година, во споредба со февруари мината година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 7,4%, а реално за 8,4% и Трговија на мало со горива и тоа номинално за 33,7%, а реално за 30,9%.