Пораст од 12,2% на прометот во индустријата

38

Прометот на индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период минатата година, бележи пораст од 12,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2014, во однос на јули 2013 година, 
бележи опаѓање од 14,4%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 24%. 

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 3,1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13%. 

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5%, Капитални производи за 30,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 98,1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14%. 

Прометот во индустријата во јули 2014 година, во однос на јуни 2014 година, бележи намалување од 3,2%, додека во периодот јануари-јули 2014 година, во однос на периодот јануари-јули 2013 година, е зголемен за 12,3%.