Пораст од 34,9% на добивката на Стопанска банка

25

stopanska-banka-logo

Стопанска банка во првото полугодие од оваа година евидентираше нето добивка во висина од 1.105.953.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2014 година, банката прикажа добивка од 819.647.000 денари. Во Коментарот кон финансиските извештаи се наведува дека добивката во 2015 година е зголемена за 34,9%.

Нето приходите од камата во првото полугодие од 2015 година изнесуваат 1.663.520.000 денари, додека истиот период лани 1.521.872.000 денари.

“Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал (RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво. Посебно се нагласува фактот дека, и депозитната основа, и квалитетот на кредитното портфолио, се на многу задоволително ниво, и овозможуваат нови перспективи и можности за натамошно реализирање на успешни перформанси од аспект на добивката, капиталот и ликвидносната позиција на Банката во наредните години“, се вели во Коментарот.