Porsche 718 станува целосно електричен модел

74

Porsche не беше сигурен околу тоа дали новата технологија ќе биде компатибилна за производство на 718, но се чини дека дилемите сега се разрешени.

Иако постоеја недоумици околу иднината на Porsche 718 околу тоа дали ќе стане целосно електричен, ќе ги задржи своите конвенционални мотори или ќе биде комбинација од двете, сега се чини дека сето тоа е разрешено. Имено, 718 се подготвени да бидат целосно електрични модели од 2024 година и ќе добијат футуристички дизајн и технологии.

Според извештаите на Car and Driver, кој се повикува на анонимни извори од Porsche, германскиот производител се подготвува за електричната иднина, а 718 веќе беше најавен со Mission R концептниот автомобил, кој јасно ги покажува намерите на дизајнерскиот тим на Porsche и тоа што истиот планира за престојниот модел.

Дизајнерскиот стил на возилото ќе остане слично со актуелниот модел, но ќе добие предница слична на Taycan со широки фарови. Внатрешноста ќе биде пофутуристичка во однос на актуелната верзија со цел да ги привлече купувачите на најважните пазари.

Пуристите можеби нема да се согласат со тоа што малиот спортски автомобил ќе добие тежок електричен погон, но Porsche бара начини како да го задржи возилото што е можно полесно со таргетирана тежина од 1.651 килограми. Тоа и понатаму е 272 килограми повеќе од 718 Cayman, но е речиси 450 килограми помалку од Taycan.

Овие заштеди ќе бидат достигнати благодарение на целосно новата електрична платформа која е многу повеќе од скратената PPE платформа. Споделувањето на некои компоненти со другите модели ќе го направи моделот поприфатлив за производство. Моделот ќе го задржи своето име, заедно со поинската цена во однос на 911. Дури и ако ценат порасне во споредба со моделот со мотор на внатрешно согорување, тоа нема да биде драстично.

Porsche работи на надминување на сите пречки

Опсегот на движење се уште не е познат, но 400 километри е минималната цел. Напојувањето исто така не е конечно, но ќе биде автомобил со погон на задните тркала како стандард, а како опција ќе се нуди и верзија со два електромотори за погон на сите четири тркала. Истиот извештај вели и дека моделите со поголема моќност ќе бидат конкурентни на 911, но од Porsche не се загрижени бидејќи двата автомобили ќе бидат особено различни.

За разлика од 718, кој ќе биде достапен во Boxster и Cayman изведба, во извештајот стои дека Porsche 911 би можел да го задржи моторот на внатрешно согорување и во следната деценија, без да добие и хибридна технологија.

Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, имаше голема резервираност околу тоа дали технологијата ќе биде компатибилна за производство на ваков тип на електрични спортски автомобили, но компанијата јасно работи да ги надмине потенцијални пречки. Во секој случај, новиот и електричен Porsche 718 се очекува да пристигне во 2024 година, а ќе биде интересно да се види дали производителот ќе успее да ги пресретне овие рокови.

Преземено од Avtoplus.mk