Porsche Design Huawei Mate RS – моќен смартфон на Porsche Design и Huawei

50

okiiPorsche Design и Huawei лансираа високо софистициран и моќен паметен телефон, PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS, во изложбената сала Grand Palais во Париз. Иднината на технологијата е тука, преку пионерските функции како двоен сензор за отпечаток интегриран во скенер на екранот, првиот во свет процесор со вештачка интелигенција и тројна Leica камера со рекордна резолуција од 40 мегапиксели. Новиот паметен телефон ветува дека ќе ги надмине потребите дури и на најприбирливите потрошувачи.

Комбинирајќи иконски стил на Porsche Design со иновативната технологија и изработка од Huawei, PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS наметнува нов стандард во категоријата на луксузните мобилни уреди. Посветен на уникатен и функционален дизајн, смартфонот поседува 6-инчен 2K OLED екран и одличен симетричен изглед, со минималистички пристап и стилски свиткано тело од 3D калено стакло што е референца кон силуетата на легендарниот спортски автомобил Porsche 911. Достапен на глобално ниво во црна – безвременска боја кој овозможува невидливо спојување на куќиштето и екранот, тој одразува линија на кристално совршенство, што е одлика на брендот Porsche Design.

PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS е создаден со исклучителна прецизност, секоја компонента има одредена причина, и токму онаму каде што треба да биде за да го осигура корисникот дека го добива најдобро можно искуство во поглед на моќта и естетиката. Високите перформанси исто така се индицирани при именувањето на паметниот телефон: терминот RS стои во светот на Porsche motorsport како ознака за извонредни трки.

Еве ги најважните иновации во овој модел:

  • Првиот во светот скенер за отпечатоци кој им овозможува на корисниците да го активираат и отклучат уредот само со поминување со прстот над екранот. Ова е можно благодарение на вградениот сензор за отпечатоци. Навалете го уредот за да го разбудите, допрете за да го отклучите.
  • Победничка комбинација од тројна Leica камера со 40 мегапиксели RGB сензор и паметна камера, базирана на вештачка интелигенција (AI) со технологијА Master AI. Покрај тоа, комбинацијата од 5-кратно хибриден зум и стабилизација на сликата со вештачка интелигенција за љубителите на фотографијата да бидат сигурни дека можат да снимаат најдобри и најјасни снимки во речиси секоја ситуација
  • PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS е првиот Huawei телефон кој брзо се напојува безжично. Ова го олеснува одржувањето на телефонот во подготвеност за работа, а благодарение на долгорочната батерија, корисниците ќе имаат доволен полнеж дури и во најпрометните денови.
  • Пмаетниот телефон работи на база на моќен процесор со вештачка интелигенција кој ја оптимизира распределбата на ресурсите и работата на телефонот според начинот на кој вообичаено го користите, и постојано учи да ги разбира и прогнозира потрошувачките потреби.
  • 256 GB внатрешна меморија што обезбедува сигурност дури и за корисниците кои постојано се во движење.
  • Двоен SLS (super linear system) звучник со DOLBY ATMOS гарантира пореален звук и забава во движење.
  • Отпорен на вода и прашина – нема потреба да се грижите за оштетување на уредот во време на дожд или при случајно испуштање во вода.

Секој PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS доаѓа со убаво дизајниран додаток – кожена футрола, која одговара на животниот стил на прибирливата таргет група. Футролите ќе бидат достапни во различни бои и кожи, вклучувајќи црна и црвена боја.

Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group, изјави: PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS е совршена комбинација од денешната најиновативна технологија за паметни телефони и луксузен дизајн. Во овој уред вградивме најсовремени технологии, во кои луѓето ќе се заљубат – од иновативниот отпечаток на екранот до тројниот систем на Leica – доведува до искуство на потрошувачите без преседан.

Јан Бекер, извршен директор на Porsche Design Group, додава: Porsche Design и Huawei се стремат да создадат производи кои се карактеризираат со прецизност и совршенство, интелигентна функционалност и исклучително софистициран дизајн. Сакавме нашиот уред да оди чекор понатаму и веруваме дека со ова партнерство сме постигнале производ кој го прави тоа”

Huawei и Porsche Design работеа тимски на развој на паметен телефон кој комбинира ДНК од два светски бренда, нивното богато искуство од областа на технологијата и водечката експертиза во индустријата за извонредни резултати. Преку изборот на бојата на телото на уредот, до софтверски теми и додатоци, фокусот на новиот телефон е ставен на ексклузивниот естетски допир и минималистичкото чувство на Porsche.

За Huawei Consumer Business Group

Со 16 центари за истражување и развој во земји како Германија, Шведска, САД, Русија, Индија и Кина, услугите и производите на Huawei имаат пазарно присуство во повеќе од 170 држави, опслужуваат повеќе од една третина од светското население. Huawei е рангиран на трето место по нарачки на мобилни телефони за 2014 година. Како една од трите бизнис групи на Huawei, Huawei Consumer BG нуди мобилни телефони, мобилни уреди со голема брзина, домашни уреди и cloud услуги. Глобалната мрежа на Huawei се темели на 20 години искуство во телеком индустријата и е посветена на тоа да ги обезбедува корисниците ширум светот со последни технолошки достигнувања.

За Porsche Дизајн

Porsche Design е ексклузивен животен стил, основан во 1972 година од страна на професорот Фердинанд Александер Порше. Неговата мисија беше да изгради компанија која ги зема принципите и духот на Порше надвор од автомобилскиот свет. Сите производи на Porsche Design се доведени до прецизност и совршенство, паметни функции, префинет функционален дизајн и имаат импресивно ниво на технолошки иновации. Создаден и дизајниран од легендарната Студио Ф. А. Порше во Австрија и оживеан од внимателно избрани производители. Производите на Porsche Design се продаваат ширум светот во повеќе од 130 продавници на Porsche Design, продавници од висока класа, ексклузивни специјализирани продавници и официјална онлајн продавница (www.porsche-design.com).