Porsche Engineering Romania ќе го прошири тимот со 120 вработени

23

Фото: Porsche

Porsche Engineering Romania, локална подружница на глобалниот снабдувач со инженерски услуги, планира да крајот на годинава да го прошири тимот за 120 вработени, објави Romania-insider.

Тие ќе бидат дел од новиот сектор на компанијата којшто ќе се занимава со истражување на пазарот и развој на инфо-забавната архитектура во своето портфолио. Досега, компанијата во основа се надградуваше секоја година, последно во областа на дизајн на мотори и симулација.

Дел од новиот тим, кој ќе се формира во текот на наредните месеци, ќе бидат и помлади инженери, кои тесно ќе соработуваат со специјалисти од Porsche од другите седум сродни подружници.

Истовремено, автомобилскиот гигант планира да го пресели своето седиште во поголем канцелариски објект во Клуј-Напока наречен Виведо Бизнис Центар. Имајќи ги во предвид плановите за ширење на сектори со млад, стручен тим, од компанијата најавија и стипендии за млади студенти, потенцијални нивни колеги.