Porsche и Audi заедно ќе развиваат електричен автомобил

124

electronic-carФото: Pixabay

Автомобилските гиганти Porsche и Audi ги здружија силите за да создадат електричен автомобил што ќе ги намали трошоците за производство до 30%, пишува Hybridcars.

Според договорот, двете компании ќе ги презентираат новите модели во 2021 година. Дополнително, за нивна изработка, ќе се ангажираат 550 програмери од Audi и 300 од Porsche.

Во април 2017 година, двајцата производители на автомобили ја објавија платформата Premium Platform Electric (PPE) за електрични автомобили. Акцентот беше ставен на спортските автомобили. Компаниите најавија дека во иднина ќе се фокусираат и кон дигитализација на своите возила и автономното возење.