
Германскиот производител на автомобили „Порше“ го започна процесот на избор на нов извршен директор, што веројатно ќе ја заврши двојната улога на Оливер Блуме, кој десет години ги водеше и „Порше“ и „Фолксваген“, изјави за „Виршафтсвое“ анонимен извор близок до компанијата.
Според германскиот весник, одлуката за назначување на нов директор се очекува на есен, а во трка се и внатрешни и надворешни кандидати. Акциите на „Порше“ пораснаа за околу еден процент на 46,52 евра по веста за потрагата по наследник.
Блуме долго време беше критикуван затоа што седеше на две директорски столчиња истовремено, а најновите деловни резултати на „Порше“ го зголемија притисокот.











