Porshe го отвори највисокиот авто-салон на Француските Алпи

44

27750489_10156524411802668_9130682384293266215_n

Фото: Facebook

Овој продажен салон на Porshe е сместен на 2.300 метри надморска висина и еден е од најнеобичните салони ширум светот, стои во соопштението на официјалната страна.

Освен што се наоѓа под проѕирна купола на планински врв во француските Алпи, неговата специфичност е и во тоа што содржи само еден автомобил – Porsche Cayenne. Овој салон се наоѓа во зимскиот центар Мерибел, а на потенцијалните купувачи на услуга им е продавач кој ќе одговори на сите прашања во врска со моделите на Porsche.

Заинтересираните може на лице место да закажат термин за тест-возење, но секако на друга локација, на пониска надморска висина. Ианку, локацијата на којаѓто се наоѓа ова специфично место често е изложена на температури под минус 25 степени Целзиусови, додека ветровите достигнуваат брзина од 160 км/ч.

Салонот ќе биде отворен во зимскиот период, до средината на април. Од компанијара не е најавено дали понатаму ќе го прошират овој изложбен салон со повеќе примероци.