
Компанијата Порше ги финализира плановите за изградба на погонска фабрика за електрични велосипеди во Хрватска, дознава Јутарњи лист.
Тоа ќе биде првата фабрика на германскиот автомобилски гигант во Хрватска и прва гринфилд инвестиција во локалното индустриско производство.
Тоа е, исто така, втора значајна инвестиција во локалното производство во областа на мобилноста, автомобилската индустрија, откако Римац Груп објави и почна да гради сопствена фабрика во Света Недеља кај Загреб.
Сè уште не се познати деталите за фабриката за електрични велосипеди на Porsche. Освен еден. Поради својот фокус на капацитетите и брендовите што веќе ги има, како што се Porsche и FAZUA, германскиот гигант ќе ја преземе технологијата и знаењето создадени во Greyp Bikes и ќе го затвори тој бренд, пренесува Бонитет.рс.
Сето ова се случува две години откако Порше група преку Порше eBike Performancе, го презема стартапот Greyp Bikes од Мате Римац.











