
Стапката на вработеност на лицата на возраст од 20 до 64 години во Европската Унија изнесувала 76,4 проценти во вториот квартал од 2026 година, што е зголемување во споредба со 76,3 проценти во првиот квартал.
Неискористените капацитети на пазарот на трудот – кои ги вклучуваат сите лица со незадоволена потреба за вработување, вклучувајќи ги и невработените – изнесувале 11 проценти од проширената работна сила на возраст од 20 до 64 години во вториот квартал од 2026 година, што е непроменето во споредба со првиот квартал од 2026 година, објави Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Помеѓу првиот и вториот квартал од оваа година, Португалија и Малта (+0,6 процентни поени секоја), Грција (+0,5 п.п.), како и Латвија и Словенија (+0,4 п.п. секоја), забележаа најголем раст на стапката на вработеност меѓу 14-те земји од Европската Унија каде што вработеноста се зголеми.
Стапката на вработеност остана стабилна во четири земји од ЕУ, додека се намали во девет земји од ЕУ, при што најголемите падови се забележани во Австрија (-0,4 п.п.), како и во Литванија и Шведска (-0,3 п.п. секоја).











