Португалци пронајдоа 10 милијарди барели нафта во Намибија

40

Португалската нафтена компанија Галп Енергија во неделата објави дека ја завршила првата фаза од истражувањето на полето Мопане во водите на Намибија и проценува дека наоѓалиштето може да содржи најмалку 10 милијарди барели нафта.

Галп спроведе тест операции на бунарот Mopane-1X во јануари и на Mopane-2X во март. На двата бунари, кои се оддалечени по осум километри, откриени се „значителни колони лесна нафта во резервоари со висока класа“, пренесува Ројтерс.

Полето Mopane се наоѓа во басенот Orange долж брегот на јужноафриканската земја, каде што Shell и TotalEnergies пронајдоа нафта и гас на неколку места.

Намибија би можела да стане нов извор на приход за компанијата Галп, која моментално има силни инвестиции во водите на Бразил, а присутна е и во проектот за природен гас во басенот Ровума во Мозамбик.