Директорот на Пошта Србије, Милан Кркобабиќ, за весникот Вечерње новости најави ширење на компанијата надвор од границите на земјата.
“Профитабилноста, расот и технолошкиот развој ја потврдуваат нашата лидерска позиција во регионот и ни даваат за право, дури и не обврзуваат да размислуваме за ширење надвор од границите на земјата. Размислуваме и за преземање на некои пошти во опкружувањето, а разговорите се веќе започнати”, вели за Новости директорот на ЈП Пошта Србије, Кркобабиќ.
Пошта Србије за девет месеци остварила профит од скоро 16,8 милиони евра, што е за 45% повеќе од истиот период 2013 година, односно двојно повеќе во споредба со истиот период 2012 година.